ЕУ планира да тестира вештачка интелигенција за детектирање лаги на граничните премини

- Advertisement -

Наскоро на граничните премини во ЕУ ќе почне тестирање на вештачка интелигенција за детекција на лаги. Програмата се вика iBorderCtrl и ќе трае шест месеци на четири гранични премини во Унгарија, Литванија и Грција со земјите надвор од Европската унија.

iBorderCtrl е проект финансиран од ЕУ кој користи вештачка интелигенција за побрзо преминување на граничните премини. Системот ги тера корисниците да пополнат онлајн апликација и да прикачат документи како што се нивните пасоши, пред виртуелен граничен чувар да почне да поставува прашања. Некои од тие прашања се: „Што имате во багажот?“ и „Ако го отворит багажот и ми покажете што има внатре, ќе се потврдат ли вашите одговори на прашањата?“ итн.

- Advertisement -

Патниците ќе мора да одговараат прашања пред камера, а системот ќе анализира десетици микрогестови. Доколку iBorderCtrl утврди дека патникот ја кажува вистината, ќе им даде QR код да ја поминат границата, а ако утврди дека лажат, ќе им земе биометриски податоци како отпечатоци од прсти, распоред на вени на дланка и препознавање на лице, пред да ги препушти на човек агент кој ќе ги ревидира информациите и ќе донесе проценка.

Програмата уште е експериментална и во оваа форма не може да спречи никого да премине граница. Раните тестови покажаа дека е прецизна во 76% од случаите, но научниците кои ја направија се убедени дека можат тој процент да го покачат на 85%.

- Advertisement -

Дури и да ја достигнат таа цел, сепак има голем простор за грешки. но тоа и не е толку чудно ако се има предвид дека многу алгоритми за препознавање лице имаат голем процент на грешки и се пристрасни.

Сподели!
- Advertisement -