Технолошко чудо нa Huawei со шест камери, вештачка интелигенција и екран MagicSlidе

- Advertisement -

Honor Magic2 е новото чудо на инженерингот на Huawei, кое официјално беше претставено во Пекинг и ги подигнува паметните телефони на сосема ново ниво. Големиот број футуристички технолошки елементи на овој телефон го прават сериозен кандидат за телефон на годината. Телефонот го има првиот Full-View екран во светот со лизгачки механизам Magic Slide, кој покрива речиси 100% од предната површина на уредот. Процесорот е нова генерација Kirin 980 со процесорска моќ за вештачка интелигенција, а виртуелниот асистент за паметен живот YOYO има способност за читање мисли и машинско учење, како и дури шест камери засилени со вештачка интелигенција.

Full-View екранот и лизгачкиот механизам Magic Slide овозможуваат ново корисничко доживување и приказ без рабови. Предниот дел од паметниот телефон е речиси целосно покриен со екран кој во себе има оптичка технологија за пропознавање на отпечатоци од прсти. 

- Advertisement -

Асистентот YOYO е опремен со комјутерски вид, обработка на природни јазици, можност за машинско учење, како и системи за одлучување и препораки, а непрекинато учи со тек на време. Може да идентификува, да ичи, да размислува и да се подобрува

Со своите три задни камери со резолуција од 24MP и исклучително широкиот агол од 17мм и трите предни камери на извлекување со резолуција иод 16MP, Honor Magic2 овозможува ново искуство во фотографирањето. ЗАдната камера со веештачка интелигенција автоматски ги ретушира фотографиите со фино подесување на параметрите, додека предната камера на извлекување исто така има 3Д препознавање на лице и создава уметнички селфи со одлични ефекти на разубавување и заматување на позадината.

- Advertisement -

Honor Magic2 е достапен за преднарачка во Кина до 5 декември по препорачана малопродажна цена од околу 550 долари, додека официјална продажба во Кина започнува на 6 декември.

Сподели!
- Advertisement -