ВИДЕО: Spirale е посебно дизајнирана чаша за вино за подобар вкус на виното

- Advertisement -

Vacanti Spirale е чаша за вино која на дното има посебен спирален дел сличен на отворачот за вино, каде што се собира талогот. Бидејќи седиментацијата или талогот во виното е проблем со кој се соочувале сите производители на вино од античките Феникијци, Грците, Египѓаните и римските цивилизации и многу други култури во последните десет века, чудно е како не се нашло решение како овој  едноставен дизајн.

Патрик Ваканти има решение за овој проблем стар 10.000 години. Се чини дека на пазарот има голема заинтересеираност за чашата Spirale, па кампањата на Kickstarter собра речиси 100.000 долари, што е повеќе од првичната цел. Сега може во претпродажба да се нарача сет од две чаши за 49 долари, а се очекува првите пратки да стигнат во ноември. Малопродажната цена на една чаша е поставена на 35 долари. Креаторите Патрик и Маргарита Ваканти дискутираат за чашата во видеото подолу.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -