Големите американски пиварници се во проблеми бидејќи миленијалците не сакаат индустриско пиво

- Advertisement -

Budweiser и Bud Light и понатаму имаат загуби затоа што не успеваат да ја придобијат генерацијата американски миленијалци кои наместо пиво, преферираат вино и нешто пожестоко, пренесува Business Insider. Ако сепак се одлучат за пиво, повеќе сакаат крафт пиво отколку индустриско. Брендот Bud Light изгуби 0,9 процентни поени од вкупниот пазарен удел во САД во последниот квартал, додека Budweiser во истиот период изгубил 0,35 процентни поени.

Мора да ја стабилизираме ситуацијата со нашите водечки брендови како Budweiser и Bud Light, затоа што се влезна точка во категоријата пиво и како такви имаат битна улуга во нашата стратегија“, вели извршниот директор на компанијата која ги поседува овие два брендови, AB InBev, Карлос Брито.

- Advertisement -

Во последните 15 години потрошувачката на пиво кај младите од 21 до 24 години се намалува за околу 3% годишно. Според податоците на компанијата Nielsen, консумацијата на пиво паднала за 1 процентен поен од 2016 до 2017 година, додека виното и жестоките пијалаци ги задржале постојните позиции. Според податоците на Euromonitor, пак, потрошувачката на пиво по жител во САД се намалила за речиси 10% од 2008 до 2017 година.

Budweiser, некогаш најпродавано пиво во САД, падна од листата со три најпродавани пивски брендови минатата година, по прв пат од 70-тите години на минатиот век досега. Податоците велат дека миленијалците ретко ќе препорачаат Budweiser, за разлика од остатокот на популацијата во САД.

- Advertisement -

Големите производители на пиво се трудат да го пронајдат патот до миленијалците со нови брендови, односно со пиво со нови вкусови. Според податоците на AB InBev, Bud Light Orange и Budweiser Reserve се меѓу добитните комбинации годинава.

Сподели!
- Advertisement -