Rolex часовниците се едни од најбараните во светот. Минатата година часовникот Rolex Daytona, кој го носел актерот Пол Њуман, беше продаден на аукција за вртоглави 17,8 милиони евра и тоа е најскапиот Rolex продаден на аукција. Кара Бенет, уредничка на познатата страница за часовници Hodinkee, наведува некои од причините зошто Rolex часовниците се толку скапи.
Имено, Rolex е само еден од неколку брендови, ако не и единствениот бренд кој има специфичен и истенчен изглед. Моделите Submariner, Explorer, Milgauss, GMT во 50-тите години на минатиот век биле направени и дизајнирани за да се користат како помагало за мерење на времето, а и денес се придржуваат до тој изглед. Но, подоцна се развија во луксузен бренд по што и денес се препознатливи. Токму тоа што е интересно кај овој бренд е што часовниците чија првична намена била да им помогнат на луѓето во мерењето на времето денес се мерило на луксузот.
Вредноста на еден часовник Submariner денес е 8.000 долари, додека вредноста на најевтиниот модел Oyster Peretual е 5.000 долари. Трите најбитни квалитети на часовниците Rolex се водоотпорност, прецизност и самоувереност и целосно се фокусираат на квалитетот, што ни го покажува и фактот дека е потребна дури една година за да се направи еден Rolex поради тоа што се спроведуваат различни тестови за што поголема прецизност.
Целата поента на купувањето Rolex е кога ќе купите еден часовник, да ви трае повеќе од 2о години доколку нормално ракувате со него, а главната причина зошто се толку скапи е што купувате нешто што би можело да трае вечно и што би можеле да го оставите како наследство на идните генерации.
Никој не знае колку часовници Rolex се произведуваат годишно од секој модел, но постојат посебни модели како што е Rainbow Daytona, кој е направен оваа година, за кој се непознати и цената и бројот на произведени примероци. Исто така, уште една добра работа кај часовниците Rolex е што имаат унисекс дизајн, па изборот навистина е неограничен без оглед на ограниченото производство.