Научници открија како ќе изгледа Земјата за 200 милиони години отсега

- Advertisement -

Земјата постојано се менува. Иако не сме свесни за тоа додека не се случи потрес, тектонските плочи се поместуваат на неколку години. Распоредот на континентите каков што го познаваме денес почнал да се создава пред околу 180 милиони години, кога почнал да се распаѓа суперконтинентот кој денес го нарекуваме Пангеа.

Списанието The Conversation објави интересно размислување за тоа како би можела да изгледа Земјата во иднина. Научниците се убедени дека ќе дојде до создавање на нов суперконтинент и повторно распаѓање на нови континенти.

- Advertisement -

Секако, тоа нема да се случи во наше време – научнициите проценуваат дека за создавање на нов суперконтинент се потребни од 200 до 350 милиони години. Но, интересно е да се види тоа нивно предвидување, односно како ќе изгледа тој суперконтинент и што ќе се случи со сегашните континенти.

Во видеото што го објавија проценуваат дека може да се создадат четири нови суперконтиненти. Првиот е Новопагеа, кој би бил спротивен на Пагеа. Американскиот континент ќе се судри со Африка и Еуроазија. Тоа е и најверојатното сценарио.

- Advertisement -

Втората можност е настанување на Пангеа Ултима, кој би наликувал на американска крофна. Атлантскиот Океан би бил базен во суперконтинентот кој би го опкружувал Тихиот Океан.

Аурика е создавање на целосно нов океански базен. Азискиот континент би се преполовил, а во средината на новиот континент ќе биде Австралија. Источниот дел од Азија би се приближил до Америка и би го затворил Тихиот Океан, додека Европа и Африка би се споиле и би се приближиле до Америка и така би го затвориле Атлантскиот Океан.

- Advertisement -

Амазија, пак, предвидува целосно поинаков тек на настаните. Постојните континенти би тргнале кон север и заедно со Арктикот ќе формираат суперконтинент на северниот пол на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -