Huawei го претстави својот телефон со камера од 48 мегапиксели!

- Advertisement -

Huawei официјално го претстави својот смартфон по четири месеци објавување тизери. Станува збор за телефонот Nova 4, кој најмногу внимание привлекува со изрезот на екранот во кој е сместена селфи камерата од 25 мегапиксели. Nova 4 има задна камера од 48 мегапиксели. Оваа камера е втората од трите кои ги има Nova 4.

Nova 4 има процесор Kirin 970. Што се однесува на останатите спеицфикации на Nova 4, телефонот има 6,4-инчен екран со резолуција од 2.319 х 1.080 пиксели, 8 GB RAM, 128 GB интерна меморија, сензор за отпечаток на прст на задната страна, 18W брзо полнење со USB-C кабел и батерија од 3.700 mAh.

- Advertisement -

Смартфонот ќе се продава по цена од околу 490 долари, но веројатно ќе се појави и поевтин модел кој наместо камера од 48 мегапиксели ќе има камера од 20 мегапиксели, а ќе чини 450 долари. По кинескиот пазар, се очекува телефонот да се појави и на индискиот и на европскио пазар.

Сподели!
- Advertisement -