Луѓето често го потценуваат Илон Маск и неговите идеи. Од ракети до електрични автомобили и пламенофрлачи, тој го смени светот. За разлика од нормалните луѓе, кога ќе заглави во сообраќај, тој не седи и пцуе и не гледа во контролната табла на автомобилот, ниту го заменува автомобилот за велосипед. Тој основа компанија која ќе го реши проблемот со метежоt.
Неговата компанија за која од почеток сите мислеа дека е некаква шега го претстави првиот подземен тунел во Лос Анџелес. Илон Маск на отворањето изјави: „Сообраќајниот метеж не уништува. Тој е како киселина која ја нагризува душата“.
За да го реши проблемот со метежот, претходно Маск истакна дека патиштата мора да се префрлат на 3Д, што значи или да се користат летачки автомобили или да се направат тунели. За разлика од летачките автомобили, тунелите не зависат од временските услови, не се гледаат и нема да ви паднат на глава. Една голема мрежа од тунели може да го реши проблемот со метежот со секој град, без разлика на тоа колку расте тој град.
Маск ја намали цената на тунелите така што го намали дијаметарот на тунелот да биде малку поголем од ширината на автомобилите. Неговите тунели ќе можат да ги користат паметни електрични автомобили кои се опремени со посебни тркала, а тоа е прилично мал пазар.
Тој додаде дека овој тунел е само прототип, па затоа и не е совршен. Признава и дека и на луѓето кои немаат Tesla им смета метежот, но неговото решение за нив не е реалистично. Би му требале многу повеќе автомобили за да направи некоја разлика.
Многумина мислат дека оваа негова идеја е налудничава и дека не е скалабилна. Има многу проблеми – комплицираното влегување и излегување од тунелот, малиот капацитет, зависноста од приватни возила кои може ќе снемаат гориво и ќе предизвикаат застој.