Плачењето еднаш неделно е тајната за живот без стрес

- Advertisement -

Доколку некогаш сте гледале некој филм кој убаво ве расплакал и потоа сте се чувствувале чудно, но подобро, знаете што значи добро да се исплачете. Сега се чини Јапонија ги охрабрува децата и работниците да ги искористат бенефитите од плачењето.

Повеќето луѓе во Јапонија никогаш не посетиле психолог или психијатар. Поранешниот наставник Хидефуми Јошида веќе шест години држи предавања во компании и во училишта за важноста на плачењето. „Плачењето е поефективно отколку смеењето или спиењето во намалувањето на стресто. Доколку плачете еднаш неделно, можете да живеете живот без стрес“ вели тој.

- Advertisement -

Во 2014 година Јошида се здружи со професорот Хидехо Арита на Факултетот за медиција на Универзитетот Тохо и други професори за да ја подигне свеста за тоа како плачењето може да го намали стресот. Кога Јапонија воведе задолжителна проверка на нивото на стресот кај работниците тие исто така им држеле предавања за моќта на плачењето.

Јапонија како и многу други земји неодамна почна отворено да се справува со менталните проблеми. Се до доцните 90-ти години депресијата беше поим кој не постоше е надвор од психијатриската професија во Јапонија. Совен тоа, земјата има една од највисоките стапки на самоубиства во развиениот свет. Повеќе од 90% од тие кои се обидуваат да се самоубијат, страдаат од депресија.

- Advertisement -

Во едно истражување спроведено во 30 земји повеќето учесници признале дека после плачење се чувствуваат подобро, додека повеќе од 70% од медицинските лица ги охрабруваат џвоите пациенти да плачат. Телото произведува три вида на солзи: рефлексни, континуирани, кои ја одржуваат влажноста на очите и емоционални, кои имаат одредени бенефити по здравјето.

Плачењето е егзокрин процес како и уринирањето и потењето, при кои се ослободуваат токсини од телото, па нема причина зошто да не мислиме дека и со плачењето се исфрлаат некои штетни материи кои телото ги ослободува кога е под стрес. Има докази и дека плачењето го забавува дишењето, што ви помага да се смирите и ја стимулира продукцијата на ендорфините, кои го подобруваат расположението.

Сподели!
- Advertisement -