Самсунг нуди минималистички “Вселенски Екран“ за модерни работни средини, супер ултра-широк “CRG9“ екран од 49 инчи за врвно искуство при играњето игри и “4K UHD“ заоблен екран со тенок дизајн за креирање на содржини
Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги најави своите три нови екрани: модерниот и минималистички просторно прилагодлив екран (Space Monitor), моделот “CRG9“ дизајниран за неспоредливо искуство при играњето игри и моделот “UR59C“ – неверојатен “4K UHD“ заоблен екран идеален за оние кои создаваат содржини. Секој од овие екрани е најдоброто во технологијата, со варијации од ултра-широки екрани и живописни бои за импресивно играње игри сѐ до минималистички дизајн совршен за помали работни средини кој допринесува за зголемување на продуктивноста.
“Најновата серија на Самсунг екрани е неверојатна и разновидна. Таа е приказ на нашата посветеност -на континуираната иновативност и лидерството во оваа категорија. Сите овие екрани се дел од нашата зголемена стратегија оваа година – да продолжиме да пласираме широко портфолио продукти од кои ќе можете да го одберете она што е најсоодветно за вас – убави, практични уреди кои ве инспирираат да направите повеќе.“ – изјави Сеог-ги Ким (Seog-gi Kim), Извршен Потпретседател на Бизнисот со Визуелни дисплеи во Компанијата Самсунг Електроникс.
Просторно Прилагодлив Екран: Модерен, минималистички и флексибилен дизајн
Просторно прилагодливиот екран на Самсунг со својот елегантен дизајн и функционалност им овозможува на корисниците да се фокусираат на она што се наоѓа на екранот, а не околу него. Со помош на целосно интегрираниот држач, минималистички уникатно вградено решение за заштеда на просторот, екранот се прикачува за работната површина и ослободува простор на вашето биро за највисок степен на корисничка продуктивност. Овој екран е едноставен за поставување и прилагодување кога не го користите – можете да го поместите кон ѕидот и да го доближите кон него. Со своето едноставно, ергономско прилагодување и пристапот кон влезовите на екранот и дискретниот систем за менаџирање на кабли, просторно прилагодливиот екран ја подобрува формата и функцијата на секоја работна средина или домашен работен простор.
Покрај својата естетика, просторно прилагодливиот екран има голем број функционалности и низа високи перформанси. Моделот со големина од 27 инчи овозможува “QHD“ резолуција прикажувајќи неверојатно детални и остри фотографии, додека 32-инчниот модел прикажува содржини во “4K UHD“.
Овој екран има уникатен, лесно прилагодлив тенок држач кој исчезнува зад неговата тенка рамка. Со користење на држачот, екранот може лесно да се вклопи во работната средина – да биде накосен кон ѕидот, пониско или повисоко поставен во однос на работната површина, а со помош на функцијата “Zero Height Adjustable Stand“ екранот обезбедува најдобри варијации за секаков тип искуства при гледањето. Држачот покрај тоа што го прави користењето на екранот поудобно, го елеминира хаосот од кабли со интегрирање на “HDMI“ и кабелот за енергија во самиот држач – за почист, поедноставен и пофлексибилен изглед.
“CRG9“ – 49-инчен екран за играње игри: Супер Ултра-Широк Екран со Двојна “QHD“ Резолуција
Новиот “CRG9“ екран е првиот во светот, ултра-широк екран за играње игри со висока резолуција и сооднос од 32:9. Овозможува стапка на освежување од 120Hz со брз одговор од 4ms на 49-инчен екран кој го минимизира заостанувањето на сликата и ефектот на замагленост при движење (motion blur) за да биде во исто темпо со новите брзи игри. Создаден за супериорно “гејминг“ искуство, екранот вклучува и “AMD Radeon FreeSync™ 2 HDR“ технологија која ја зголемува стабилноста на сликата, ги намалува различните извитоперувања и латенцијата на влезот, овозможувајќи најдобра стапка на фрејмови и беспрекорно искуство при играњето игри.
Содржината “оживува“ на новиот “CRG9“ екран со двојна “QHD“ резолуција (5120×1440) и “HDR10“ со највисок степен на осветленост од 1,000 нити, прикажувајќи супер фини детали и во најсветлите и во најтемните делови на сликата. “HDR10“ овозможува извонредно локално пригушување на светлината, а високо контрастниот “HDR“ допринесува за спектакуларни светли и нагласени делови кои не може да се воочат во екраните кои не се “HDR“. Екранот исто така ја содржи и револуционерната “Quantum dot“ технологија на Самсунг која овозможува исклучително висок опсег на прецизна колорна репродукција и заоблување на екранот од 1,800mm со ултра-широко поле на гледање за целосна прегледност и видливост.
Еквивалентно на два “QHD“ екрани од 27 инчи со сооднос 16:9, поставени еден до друг, супер ултра-широкиот екран со сооднос 32:9 исто така овозможува врвна “мултитаскинг“ флексибилност асистирана од “PBP“ (Picture-by-Picture) функционалноста за да овозможи истовремено следење на две видео содржини на истиот екран. “CRG9“ вклучува еден “HDMI“ влез, два влеза за екрани со опција за приклучување на USB 3.0 и слушалки. Самсунг исто така дизајнираше и ваков екран со помал држач за поголема практичност и флексибилност во просторот на секој “гејмер“.
32-инчен “UR59C“ Екран: Првиот во свет, заоблен “4K UHD“ екран од 32 инчи дизајниран за оние кои создаваат содржини
Идеален за оние кои создаваат содржини и се истовремено во потрага по разноликост и перформанс, новиот “UR59C“ модел од 32 инчи има “UHD“ заоблен екран со сооднос на контраст од 2,500:1 и целосна 3840×2160 “4K UHD“ резолуција со поддршка до еден билион бои. Заобленоста од 1500R овозможува вистинско врвно искуство додека се креираат содржини и уметност, се гледаат видеа или пак се играат игри. Со оваа конфигурација, екранот го намалува заморот на окото кој најчесто се поврзува со долг временски период на користење на традиционален екран.
Достапен во темно сино-сива нијанса, “UR59C“ има супер – тенок дизајн, со длабочина од само 6.7mm и задна обвивка со ткаенина. Неговата тространа рамка е прицврстена на цврст и тенок метален држач во облик на “V“ со двонасочна основа која ги обвива каблите и не остава отисоци врз работната средина.
Заинтересираните може да ги погледнат трите нови екрани на штандот на Самсунг во Конвенцискиот Центар во Лас Вегас, во рамки на Саемот за потрошувачка електроника кој ќе се одржи во периодот од 8. до 11. јануари, 2019 година.
sroom“