1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Светски Економски Форум: Јадењето говедско месо може да доведе до изумирање на човештвото

Kabtel desktop

Одгледувањето говедско месо е закана за планета, тврди Светскиот Економски Форум. Зошто? Затоа што индустријата за производство на говедско е еден од најголемите загадувачи со јаглерод диоксид – за секои 200 (kcal) килокалории добиени од говедско месо се ослободуваат 23,9 кг јаглерод диоксид. Тоа е многу повеќе од 1 кг СО2 кој се создава со производството на истата количина мешунки, јаткасти плодови или инсекти. Но, доколку говедското месо го замениме со некој од алтернативните извори на протеини, може да се намалат смртните случаи за 5% и да се намали емисијата на стакленички гасови за 25%. Како што пишува Светскиот економски форум, ова се три иновативни и здрави алтернативи за говедското месо.

Инсекти. Тие се евтина и еколошка алтернатива за црвеното месо. Еден швајцарски супермаркет веќе им продава инсекти на потрошувачите во форма на ќофтиња од црви и плескавици. Инсектите многу брзо созреваат и во тој процес трошат многу помалку вода и други ресурси отколку другите извори на протеини.

Растително месо. Една компанија прави т.н. „невозможни сендвичи“. Плескавиците изгледаат како месо и имаат слична текстура и мирис, но се направени целосно од растенија. Од компанијата велат дека за производство на овие сендвиќи се користи 95% помалку земјиште и 74% помалку вода отколку за обичните сендвичи.

Месо одгледано во лабораторија. Холандски научник тврди дека можеме да одгледаме дури 10.000 кг говедско месо од само една клетка. Професорот Марк Пост вели дека со тој процес се намалува бројот на крави кои се убиваат. Кога ќе се усоврши производството, овој процес ќе биде и енергетски поефикасен.

https://www.facebook.com/worldeconomicforum/videos/334912383778553/?t=0

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •