Илон Маск доби дозвола да го продава Model 3 во Европа

- Advertisement -

Tesla очекува доставата на батериската верзија на Model 3 во Европа да почне во февруари годинава откако доби дозвола од холандските регулатори RDW. Тоа значи дека може да го продава автомобилот во цела Европа без да мора да бара дозвола од идивидуални земји-членки на ЕУ. Маск мораше да чека на одобрение од регулаторите за да ги отвори нарачките за Model 3 во земји каде што се вози на левата страна од патот.

Дебито на Model 3 во Европа доаѓа во критично време за Tesla, која штотуку отпушти 7% од својата работна сила за да ги намали трошоците додека го забрзува производството на верзиите на автомобилот кои се продаваат по пониска цена. Кога извршниот директор на компанијата, Илон Маск, ги најави отпуштањата минатата недела, и напиша дека се надева дека овој квартал продажбата на поскапите верзии на Model 3 во Европа и во Азија ќе им помогне да остварат мал профит.

- Advertisement -

Маск исто така ја потенцираше важноста на продажбата на поевтините верзии на Model 3 на повеќе пазари годинава бидејќи Tesla се обидува да се позиционира како производител на најевтините електрични автомобили денес.

Сподели!
- Advertisement -