Почна Давос 2019 – глобализацијата во фокусот на годишната средба на Светскиот економски форум

- Advertisement -

Врвни политичари и бизнис лидери отпатуваа во малото швајцарско гратче Давос за годишната средба на Светскиот економски форум на швајцарските Алпи. Годинава тема на Давос 2019  е Глобализација 4.0 и ќе трае од 22 до 25 јануари.

Глобалниот раст забавува, се влошуваат трговските конфликти, проблемите со климатските промени и заштитата на животната средина остануваат нерешени додека ни претстојат големи промени како што зема замав дигитализацијата.

- Advertisement -

Поединечно секое од овие прашања е голем предизвик и сите во исто време заедно се огромен предизвик кој може да се реши само со заедничка соработка“ изјави претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде.

Но, волјата за соработка постојано се намалува на глобално ниво. Претседателот на САД, Доналд Трамп, е жесток опонент на мултилатералните договори. Новиот претседател на Бразил, исто така, е националист. Во Европа, пак, се чини дека сите очи се вперени на Брегзит. Во Италија на власт се популисти, додека жолтите елеци предизвикуваат немири во Франција.

- Advertisement -

„Дијалогот, со цел да се постигне заемно разбирање, е многу понеопходен од кога било порано. Ни се придружуваат 37 шефови на држави и влади од Европа и од Евроазија. Ќе имаме девет шефови на држави од Средниот Исток и шест латиноамерикански претседатели“, изјави Клаус Шваб, основач и извршен претседател на Светскиот економски форум, и додаде дека ќе има и уште многу претставници од Африка.

Се на се, ќе има 70 шефови на држави и влади, како и шефови од Обединетите нации, од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Светската здравствена организација. Листата со учесници се состои од 3.000 луѓе, како и претставници на бизнис секторот и науката, како и на различни агенции за развој и за екологија.

- Advertisement -

„Нашиот предизвик сега е да ги искористиме сите тие владини лидери заедно со лидерите на интернационални организации, бизнис заедницата и граѓанското општество за навистина да ги решиме најитните проблеми во светот“ додаде Бренде.

На Давос нема место за потпишување договори, па затоа Доналд Трамп, кој дефинитивно ќе беше главна атркација на Алпите и е противник на мултилатерализмот како никој друг, нема да присуствува на Давос со објаснение има доволно проблеми со усвојувањето на буџетот во Конгресот. Нема да присуствува ни францускиот претседател Емануел Макрон затоа што имал набиена агенда и присуството на еден ваков состанок на елитата од светот само дополнително ќе го наруши кредибилитетот кај веќе разлутените Французи.

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -