Ова се највредните брендови во светот

- Advertisement -

Amazon си ја одбрани својата позиција како највреден бренд во светот со вредност која порасна за речиси 25% на 187,9 милијарди долари, покажа најновиот извештај Brand Finance Global 500, кој беше претставен во рамките на средбата на светскиот економски форум во Давос. Поради разновидното портфолио на услуги, се чини дека ниедна индустрија не е безбедна од подемот на Amazon.

Малопродажната индустрија го почувстува најсилниот удар од развојот на е-трговијата. Американскиот синџир Walmart, кој со години беше на врвните позиции во Brand Finance Global 500, сега по прв пат не е ни во првата десетка на листата. Иако вредноста му порасна за 10% на 67,9 милијарди долари, компанијата се бори со зголемени трошоци за транспорт и бавна заработа од онлајн продажбата.

- Advertisement -

Освен пореметувањето на традиционалните индустрии, технолошкиот сектор си направи место за себе на пазарот, па шест од топ 10 највредни брендови во светот се технолошки компании, од кои Apple е на второ место со вредност од 153,6 милијарди долари, а Google на трето со вредност од 142,8  милијарди долари.

Microsoft се врати во првите пет од минатогодишното шесто место на четврто место годинава со раст од 47% на вредноста на 119,6 милијарди долари и ова е најбрзорастечкиот бренд во топ 10. На петто место е Samsung со 91,3 милијарди долари, а втората петорка ја сочинуваат: АТ&Т со 87 милијарди долари, Facebook со 83,2 милијарди долари, ICBC со 79,8 милијарди долари, Verizon со 71,2 милијарди долари и China Construction Bank со 68,7 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -