Илон Маск објави две спектакуларни видеа од првoтo палење на моторот на новото вселенско летало на SpaceX

- Advertisement -

Илон Марк вчера радосно објави снимки на Twitter од палењето на моторот на нивната нова ракета, на која убаво можеа да се видат пламени во различни бои. Ракетата Starship Raptor е дел од амбициозните планови на Space X да транспортира луѓе до Месечината и подалеку.

Маск со денови ги „мачеше“ свите следбеници на Twitter со ветувањето дека ќе објави видео од првото палење на моторот на ракетата и вчеравечер конечно ги објави двете спектакуларни видеа од ракетата на тест-полигоните на Space X во Тексас.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Во одговорите на прашањата од следбениците тој ги објасни пламените кои се гледаат. „Моторот се пали како со запалка. Зеленкастата боја или е поради заситување на камерата со светлина или поради бакарот кој се испушта“ напиша Маск.

Маск во декември минатата година напиша дека ракетата Raptor претрпела радикален редизајн. Исто така, навести дека погонската сила на моторот е еднаква на 200 метрички тони, што ќе и помогне на ракетата да стигне до Месечината што е можно побрзо.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -