Бизнисот на Sony со телефони се мачи да држи чекор со гигантите како Apple, Samsung и Huawei. Токму затоа компанијата стартуваше нова серија паметни телефони со супервисоки екрани и ефекти за филмски квалитет со надеж дека ќе ги привлече креаторите и љубителите на филмови.
Sony ги претстави паметните телефони Xperia 1, 10 и 10 Plus на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. Најголем дел од телефоните на Apple или Samsung, на пример, имаат размер 16:9 или 18:9. Уредот со екран со размер 21:9 ширина наспрема висина би ви овозможил да гледате многу филмови без црни линии од страните, горе или долу.
Меѓутоа, најбитниот момент кај Xperiа 1 е екранот – телефонот има дисплеј 4K HDR OLED. Благодарение на екранот со размер 21:9 ќе можете да гледате филмови како во кино. Почетната цена на телефонот ќе биде 1.043 долари. Ултрашироките екрани се обид на Sony да ја привлече публиката која гледа, произведува или уредува видеа на мобилни уреди.