Почнува продажбата на најевтиниот автомобил на Илон Маск

- Advertisement -

Пред неколку дена Илон Маск на Twitter најави дека во четврток ќе објави нови вести во врска со Teslа и иако многумина очекува да го претстави Model Y, тоа не се случи. Но, затоа шефот на Teslа најави некои драматични промени кои вклучуваат затворање продавници и откази, но тие промени овозможија конечно да го претстават Model 3 со цена од 35.000 долари. Ова е најочекуваниот и најевтин автомобил на Teslа досега.

Досега најниската цена по која можеше да се купи Model 3 беше 42.900 долари, а новиот основен и наејвтин модел ќе може да помине околу 350 км со едно полнење на батеријата и со максимална брзина од 208 км/ч.

- Advertisement -

Цената се однесува само на црната боја, а сите кои сакаат друга боја на автомобил ќе мора да доплатат дополнително. Исто така, за да ги намалат трошоците, најевтиниот Model 3 доаѓа со стандардни мапи и навигација, основен систем од звучници и седишта кои немаат греење. Овие опции не може да се надоградат при купувањето на автомобилот.

Маск најави и уште една верзија на Model 3 – Standard Range Plus, чија цена ќе биде 37.000 долари, а за тие 2.000 долари плус ќе добијат автомобил со поголем досега за триесетина км и максимална брзина зголемена за 16 км/ч.

- Advertisement -

При објавата Маск истакна дека за Teslа не постои друг начин за постигнување заштеда и продажба на најевтиниот нивни автомобил освен откази и затворање на продавници. Наместо во продавници кои ќе се затворат, компанијата ќе го продава автомобилот преку Интернет. Не е познато колку продавници ќе се затворат и колку луѓе ќе добијат отказ, а дел од продавниците ќе бидат претворени и во информативни центри и изложбени салони.

Сподели!
- Advertisement -