ФОТО: Римац на саемот за автомобили во Женева ќе претстави електричен хиперавтомобил

- Advertisement -

Компанијата Rimac Automobili на својата страница на Facebook се пофали дека на 89-тото издание на саемот за автомобили Motor Show во Женева во вторник ќе го претстави електричниот хиперавтомобил C_Two. Во објавата покажаа и неколку фотографии од својот најнов адут,

На саемот во Женева овој автомобил ќе биде прикажан во Galactic White боја со карбонски делови во сина боја. Енетериерот на C_Two е произведен во Rimac Automobili со мат финиш од кабонски елементи и шевови во внатрешноста во петролеј сина боја.

- Advertisement -

C_Twoима четири индивидуални електрични мотори со кои управува Rimac All-Wheel Torque Vectoring и го распоредува моментот по секое тркало, го контролира моментот 100 пати во секунда и на тој начин овозможува искористување на максималниот погон на секое тркало.

Електричните мотори развиваат 1.914 KS и 2.300 Nm, а овој хиперавтомобил забрзува до 100 км/ч за само 1,85 секунди, додека до 300 км/ч забрзува за 11,8 секунди. C_Two е целосно електричен спортски автомобил кој остварува максимална брзина од 412 км/ч. Батеријата со капацитет од 120 kWh со едно полнење овозможува досег од 650 км.

- Advertisement -

Повеќе информации се очекуваат денес во 12:30 часот на официјалната прес-конференција во Женева.

Сподели!
- Advertisement -