EnGenius ја инкорпорираше функцијата EnJet во своите решенија од точка до точка и од точка до повеќе точки (ENS500EXT-AC, ENS500-AC, EnStation5-AC, EnStationAC и ENH500). Технологијата EnJet се базира на повеќекратен пристап со временска распределба, метод кој му овозможува на секој клиент да испраќа и прима податоци, користејќи претходно назначени временски слотови закажани со EnJet протоколот, со што се елиминираат судирите на скриени јазли и латентноста карактеристични за традиционалните мрежи и се максимизира ефикасноста на мрежата.
Постоечките EnGenius решенија точка до точка и точка до повеќе точки, ENS500EXT-AC, ENS500-AC, EnStation5-AC, EnStationAC и ENH500 ќе бидат опремени со технологијата EnJet, што овозможува голема отпорност и сигурност во надворешна средина при различни временски услови (стандард 802.11ac Wave 2 и ознака за заштита на IP55 за водоотпорност). Со едноставна EnWiFi апликација, централизирана алатка за контрола и управување, се овозможува едноставно распоредување надворешни единици за одличен Wi-Fi. Корисниците можат да спроведат масовни конфигурациски промени, следење, надградба на firmware и конфигурирање на резервните копии едноставно, преку панел на допир.
Побарајте ги најсовремените решенија на ЕnGenius EnJet во Кабтел, ваш партнер за екстремно брз Wi – Fi насекаде!