Кинескиот технолошки гигант потврди дека нивниот најнов љубимец, P30 Pro, ќе има суперзум перископска камера која ќе има опција за зумирање до десет пати, потврдија од компанијата.
Отаму појаснија дека оваа камера ќе може да направи нешто што никој не го направил досега – технолошките експерти навестуваат еден вид механичко зумирање, што секако би било интересно да се види на смартфон. Ниеден производител на паметни телефони уште нема претставено на пазарот мобилен телефон со перископска камера, но Oppo неодамна го претстави прототипот со камера која може да зумира до десет пати.
Од Huawei најавуваат и големо унапредување на ноќниот режим на фотографирање со P30 Pro. Директорот на Huawei, Ричард Ју, минатиот месец со фотографија од Месечината најави нов уред, за која тврди дека е направена без никакви дополнителни опции. Љубителите на нова технологија нема да мора да чекаат долго за да го видат P30 Pro – телефонот ќе биде претставен на 26 март.