Facebook идната недела ќе го претстави својот паметен звучник

- Advertisement -

Facebook идната недела на јавноста треба да и ги претстави ссвоите паметни зучници. Звучниците на Facebook веројатно ќе се викаат Portal и ќе ги има во две различни димензии – помалиот модл би чинел околу 300, а поголемиот околу 400 долари.

Доста се слични на звучникот Еcho Show на Amazon, што значи дека освен гласовни наредби, ќе имаат и опција за гласовни и видеоповици преку екранот на допир. Што се однесува на интегрираната технологија, за гласовни команди, видеосодржини и вести уредите Portal би ја користеле Alexа на Amazon, додека опцијата за видеочет е базирана на интерната технологија на Facebook, пренесува SEEBiz.eu.

- Advertisement -

Треба да напоменеме и дека звучниците Portal требаше да бидат претставени порано, но презентацијата беше одложена за да се отстранат евентуални приговори врзани за приватноста на корисниците, поради што беше создадена и посебна опција за физичко покривање на камерите интегрирани во звучникот секогаш кога нема да се користи.

Сподели!
- Advertisement -