Airbnb ја презеде апликацијата за хотелски соби со попуст HotelTonight

- Advertisement -

Airbnb ја презеде HotelTonight, апликацијата за пронаоѓање хотелски соби со попуст, затоа што сака повеќе да се вклучи во бизнисот со резервирање престој за да привлече повеќе патници пред очекуваната иницијална јавна понуда на акции.

Аквизицијата, која Airbnb ја објави вчера, го проширува портфолиото на компанијата и додава бројни хотели на списокот, кои досега ги сметаа за најголеми непријатели на Airbnb. Ова е дел од стратегијата за придобивање патници кои се воздржуваа од изнајмувањето домови на странци поради потенцијалните ризици и тешкотии.

Понудата за создавање one-stop услуги за патниците го става Airbnb во конкуренција со големите туристички сајтови како што се Expedia Group Inc и Priceline. HotelTonight собра повеќе од 115 милиони долари инвестиции и последен пат во 2017 година беше проценета на 463 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -