СЗО повика богатите земји да не даваат трета доза, туку да ги дадат вакцините на сиромашните

- Advertisement -

Бидејќи производителите им дадоа приоритет на богатите земји или потпишаа договори со нив, сиромашните земји се лишени од можноста да го заштитат на нивното население, порача првиот човек на светската организација

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика богатите земји со големи залихи на вакцините против коронавирус да се воздржат од давање трета доза до крајот на годината и да ги стават на располагање на сиромашните земји.

- Advertisement -

Гебрејесус всушност го повтори претходниот апел за „мораториум“ за давање на третата доза од вакцината, што во голема мерка беше игнорирано од побогатите земји.

Тој рече дека не се согласува со ставовите изразени во вторникот од водечката асоцијација на производители на лекови, дека залихите на вакцини се доволно големи за да може да се дава трета доза во побогатите и прва во посиромашните земји, кои се соочуваат со недоволни вакцини.

- Advertisement -

Нема да молчам кога компаниите и земјите што ја контролираат глобалната испорака на вакцини мислат дека сиромашните треба да бидат задоволни со она што останува. Бидејќи производителите им дадоа приоритет на богатите земји или потпишаа договори со нив, сиромашните земји се лишени од можноста да го заштитат на нивното население“, рече Гебрејесус.

Според СЗО, во светот се дадени 5,5 милијарди дози вакцини против коронавирус, од кои 80 проценти се во земји кои не се сиромашни.

- Advertisement -

И Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) на почетокот на овој месец се изјасни дека Во моментов нема „итна потреба“ за дополнителна доза вакцина против ковид-19 кај општата популација, освен за луѓе со ослабен имунолошки систем, што е во согласност и со ставот на СЗО.

Сподели!
- Advertisement -