Организаторскиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, а по прв пат се одржува во Аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, ги отвори пријавите за натпреварот за официјални блогери на Spark.me 2019 конференцијата. Битно е да се напомене дека блогерите не се ограничени само на тесктуален формат, туку може да користат и звучни (подкасти) и видеозаписи (влог – видео блог) записи.
„Зошто сакам да учествувам на Spark.me 2019 конференцијата“, да фо споделат на социјалните мрежи со хаштаг #SparkMe, да го тагнат официјалниот профил на Spark.me конференцијата и да ја пополнат пријавата на веб-страницата http://spark.me/ambassadors/. Рокот за пријавување е 19 април. Списокот со избраните официјални блогери ќе биде објавен на 26 април на страницата на Spark.me конференцијата.
Официјалниот блогер добива бесплатен билет за двата дена од конференцијата, ќетири ноќевања во еднокреветна соба во хотелот со четири ѕвезди „Магнолија“ во Тиват, како и крстарење по заливот Бока Которска кое се организира за предавачите и за партнерите на Spark.me конференцијата. Обврска на официјалниот блогер е да објави еден блог пост (влог или подкаст) на тема Spark.me конференција со 17 мај, активно да известува во текот на конференцијата на социјалните медиуми, да објави еден блог пост по завршувањето на конференцијата (до 31 мај) и да објави еден блог пост до 7 дена откако ќе почне официјалната продажба на промотивните билети за конференцијата Spark.me 2020.
Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на двајца годинашни говорници – тоа се Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината) и Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите). Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.
Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 200 евра до 14 април. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.
Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.
За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.