Volvo сака да не научи да возиме подобро и да спаси што повеќе човечки животи

- Advertisement -

Во текот на идните две години Volvo сака да вгради напредна технологија во своите автомобили која би требало да ја зголеми безбедноста за сите патници во возилото, но и за другите учесници во сообраќајот и за пешаците. Уште порано тие најавија дека од 2021 година тие ќе ја ограничат максималната брзина во автомобилите на 180 км/ч за да спречат непотребно, опасно и ризично возење. Исто така, размислуваат и за т.н. геоограда, односно контрола на брзината со која автомобилите би возеле во близина на училишта, болници и сл.

Неделава Volvo најави уште две интересни новини кои би требало да овоможат побезбедно возење и да ги намалат шансите за сообраќајни незгоди и повреди, односно смртни случаи.

- Advertisement -

Еден од тие новитети ќе биде интересен за луѓето чии деца неодамна добиле возачка дозвола и им го позајмуваат автомобилот, но сакаат да бидат сигурни дека нема да пристискаат на педалата за гас. Со Care Key од 2021 година автомобилите ќе се испорачуваат посебни клучеви со кои ќе може да се постави ограничување на брзината на автомобилот. Тоа значи дека родителите ќе можат да му ги дадат тие паметни клучеви на детето и истовремено да одлучат која ќе биде камсималната брзина на движење.

Другиот новитет  е користењето камери и сензори во автомобилите, кои ќе почнат од идната година, а би требало да го следат однесувањето на возачот и во случај на проблеми да забават или да го стопираат автомобилот. Ако камерите забележат дека возачот е уморен, односно ги држи очите малку подзатворени, ако неговите реакции се бавни, ако премногу се „шета“ лево-десно по патот, прво ќе се активира посебен сервис (Volvo on Call), кој ќе го контактира возачот, а ако нема одговор, автомобилот ќе забави и ќе застане.

- Advertisement -

Оваа технологија особено ќе биде корисна во случај на пијани и уморни возачи, како и кај луѓе кои се под голем стрес и не можат да се фокусираат на возењето затоа што нема да им дозволи да управуваат со возилото и потенцијално ќе ги спаси нивните животи, но и на другите учесници во сообраќајот.

Сподели!
- Advertisement -