Театарот „Стив Џобс“ во седиштето во Купертино уште еднаш угости мноштво новинари и славни личности од технолошката заедница, кои дојдоа да видат што ново подготвил Apple во рамките на својата „колекција пролет-лето 2019“. Уште на самиот почеток Тим Кук појасни дека присутните треба да очекуваат поинаква презентација – фокусирана на услуги кои го поврзуваат софтверот и хардверот.
Најпрвин беше претставена новата Apple News. Apple планира да ја прошири својата услуга со нудење квалитетни и веродостојни вести од проверени извори. Постојната апликација Apple News отсега покрај вестите, ќе има додадено и списанија (над 300 од различни теми), а новата услуга ќе го носи името Apple News%2B.
Apple News plus ќе функционира по принципот единствена претплата и ќе чини 9,99 долари месечно и тоаво форма на семејна претплата која по истата цена можат да ја користат повеќе луѓе. Но, бидејќи услугата не е достапна надвор од САД и Канада, сопствениците на iPhone и iPad засега нема да можат да ја користат. Дури кон крајот на годинава ќе биде активирана во Обединетото Кралство, а остатокот од Европа ќе мора да почека.
Понатаму, услугата за мобилно плаќање Apple Pay ќе се прошири на уште земји и со неа ќе може да се плаќа за јавен превоз на повеќе места, но уште не е познато ништо за ширењето на овие простори. Apple денес ја шири и својата понуда на финансиски услуги и на кредитни картички. Apple Card ќе биде замена за кредитна картичка која се користи преку мобилен телефон и овозможува контрола на трошењето, следење на буџетот, награди за лојалност и сл., а сето тоа без никаков надомест за користење.
Системот ќе функционира секаде и каде што функционира и Apple Pay. Во САД, Apple Card ексклузивно ќе ја издава банката Goldman Sachs, што значи дека картичката може да ја добијат само корисниците од таа земја. На сите места во светот каде што се прифаќа MasterCard корисниците ќе можат да плаќаат со посебна физичка Apple Card картичка.