Отворен повик за 12-то издание на ЛИДЕР проект: Врвна програма за бизнис образование во Македонија

- Advertisement -

Македонија2025 го објави отворениот повик за ЛИДЕР проектот, кој по 12-ти пат ќе се одржи во Скопје од 6-ти до 17-ти мај во соработка со реномираната Ivey School of Business од Канада. ЛИДЕР проектот претставува целосно бесплатна десетдневна програма за бизнис образование, која ги поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија што ќе создадат нови можности за општествен развој.

Преку работа на реални случаи, претприемачите ќе имаат можност да се стекнат со вештини од областа на финансии, маркетинг, стратегија, лидерство и развој, како и целосно да го развијат чувството за бизнис. На повикот може да се пријават менаџери, сопственици на компанија, претприемачи и млади професионалци од бизнис сферата.

- Advertisement -

Инструкторите на ЛИДЕР проектот доаѓаат од канадската Ivey School of Business, а на пријавените кандидати ќе им помогнат  да воведат новитети во работењето на нивниот веќе постоечки бизнис или пак да ги претворат своите идеи во успешни бизниси на пазарот.

Повикот е отворен до 10-ти април 2019. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на официјалниот отворен повик достапен ОВДЕ.

- Advertisement -

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на elena@macedonia2025.com.

Сподели!
- Advertisement -