Парите од продажбата на ќеси ќе одат за набавка на 7.000 контејнери за селекција отпад

- Advertisement -

Средствата од продажбата на ќесите од 15 денари во продавниците годинава ќе бидат наменети за набавка на околу 7.000 контејнери за селекција на отпад во сите македонски општини, како и за спроведување на кампања за подигање на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина. Ова беше најавено на денешниот брифинг за новинари од новата министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Станува збор за средства од 120 милиони денари, при што за набавката на контејнери за сите општини ќе се одвојат 105 милиони денари, а преостанатите средства ќе се употребат за јавната кампања.

- Advertisement -

Министерката најави дека годинава за првпат ќе се распредели опрема за општините преку средствата собрани од продажбата на ќеси, додавајќи дека контејнерите со големина од 1,1 метар кубен ќе бидат за примарна селекција на отпад од страна на граѓаните.

„Сите средства што ќе ги собереме од ќесите ќе ги пласираме назад кон општините“, изјави министерката Шукова.

- Advertisement -

Во делот на кампањата, министерката вели дека е потребна поголема кампања за подигање на свеста кај граѓаните, но и понатаму се размислува на која тема би била истата, односно покрај за управувањето со отпадот, дали ќе се опфатат и теми како што се влијанието на климатските промени или загадувањето на водите.

Од Министерството за животна средина денеска информираа дека процесот за набавка на контејнери се очекува да почне што поскоро – најдоцна во рок од еден месец ќе може да се распише тендерот, по што би следело нивното купување. Распределбата на контејнерите за селекција на отпадот ќе се одвива правопропорционално со големината на општините, а очекувањето е дека таа би можела да почне во летните месеци.

- Advertisement -

Инаку, на 1 декември 2021 година стапи на сила одредбата од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, со кој цената на биоразградливите ќеси во продавниците се зголеми од еден на 15 денари. Воедно, се забрани и користењето на дотогашните пластични ќеси на македонскиот пазар. Од Министерството за животна средина објаснија дека целта е граѓаните да се дестимулираат да употребуваат пластика, а не да се воведуваат нови давачки.

Целиот текст на МЕТА

Сподели!
- Advertisement -