Huawei го подготвува првиот 5G 8K телевизор во светот

- Advertisement -

Huawei има голем пораст на продажбата на паметни телефони и се чини дека нивните амбициозни најави за преземање на лидерската позиција на глобалнито пазар за мобилни телефони навистина може да се остварат. Но, плановите на кинеската компанија не се ограничени само на мобилните уреди и на телекомуникациската инфраструктура, туку една од новите цели е и пазарот на телевизори.

Како што пишуваат некои медиуми, Huawei за крајот на годината подготвува ексклузива – првиот 5G 8K телевизор во светот. Што се однесува на резолуцијата, досега се продадени помалку од 20.000 телевизори со 8K во светот, но нивната продажба со тек на време би требало повеќекратно да се зголеми. Во план е пренос на Олимписките игри во Јапонија идната година во 8K резолуција, а и новата генерација на PlayStation ќе има поддршка за оваа резолуција.

- Advertisement -

Компаниите како Samsung веќе продаваат 8K телевизори, но уште нема телевизор со поддршка за 5G. Како што пишуваат на Venture Beat, првата компанија која ќе го направи тоа може да биде Huawei. Големата брзина би требало да овозможи стриминг и преземање програми во висока резолуција, како и видеа снимани во 360 степени и во виртуелна реалност. Исто така, телевизорот на Huawei би можел да се користи и како рутер за други уреди како телефони, таблети и очила за виртуелна реалност.

Освен телевизорот, се претпоставува дека Huawei  ќе освојува уште еден пазар – пазарот за персонални компјутери. Во текот на наредните три години тие сакаат да се пробијат меѓу топ 5 производители на пазарот за персонални компјутери во светот и со своите модели да ги предизвикаат Apple и другите компании.

Сподели!
- Advertisement -