Дизајнерката Софи Роули направи мебел од стари фармерки

- Advertisement -

Индустријата за облека троши огромни количини вода и остава премногу отпад како хемикалии и бои, Затоа, не е чудно што дизајнерите на производи постојано бараат креативни начини да го реупотребат отпадот од текстилната индустрија. Една таква дизајнерка, Софи Роули, реши да го реупотреби тексасот и најде начин да го претвори во мебел. 

Не само што тој мебел е направен од остатоци од деним и стари тексасни парчиња облека, исто така е функционален и изгледа интересно. Колекцијата производи се вика Bahia Denim, а парчињата тексас ја имаат традиционалната сина боја со делови сива и бела боја, па даваат лик на мермер. Токму затоа го носи и името по познатиот бразилски син мермер Azul Bahia.

- Advertisement -

Роули е по потекло од Нов Зеланд и сега работи од Берлин. Идејата за дизајнот на мебелот ја добила поради желбата да ги реупотреби материјалите кои ги имала во домот. Како и со сите нејзини дизајни, таа се фокусирала на одржливоста и развој на иновативен материјал. Таа експериментирала со материјали како стакло, пластика и пена пред да ги истражи можностите на тексасот. Потоа истражувала како може да го користи во слоеви лепејќи ги со смола. Добиениот материјал е доволно цврст за да се обликува во мебел.

Секое парче мебел од Bahia Denim е уникатно и процесот за производство е различен. Од материјалот може да се прават полици, маси, а производителиот на автомобили Nissan дури сака да го користи за контролните табли во своите автомобили.

Сподели!
- Advertisement -