Mercedes влезе во електричната ера

- Advertisement -

За Mercedes започна нова, електрична ера. Имено, овој германски производител на автомобили во Бремен, Германија, каде што се произведуваат C класата и GLC, почна со производство на моделот EQC 400. Станува збор за електричен кросовер, које ќе биде директна конкуренција за моделот E-Tron на Audi и за други слични премиум батериски електрични возила.

Mercedes ја објави и почетната цена за ова возило на германскиот пазар. Така, за EQC ќе треба да издвоите 71.281 евра, што значи дека овој модел е поевтин за 8.619 во споредба со Е-Tron. EQC 400 4Matic стандардно ќе биде опремен со MBUX инфотеинмент систем со двоен екран од 10,25 инчи, гласовна контрола, навигација и други опции.

- Advertisement -

Од дополнителната опрема се истакнува безбедносниот пакет системи за помош на возачот по цена од 2.297 евра, AMG Line ектериерот по цена од 1.607 евра, AMG Line ентериерот по цена од 1.083 евра итн. За почеток ќе биде понуден само EQC Edition 1886, кој неодамна беше претставен во Њујорк. Тој ќе вклучува повеќе видови дополнителна опрема и ќе се продава по цена од 84.930 евра.

EQC 400 ќе има електричен мотор од 408 коњски сили и најголен обртен момент од 760 Nm. Погонот е на сите четири тркала, а за забрзување до 100 км ќе му бидат потребни 5,1 секунди, додека најголемата брзина ќе биде електронски ограничена на 180 км/ч. Возилото ќе има литиум-јонска батерија од 80 kWh. што е доволно за возење од околу 450 км со едно полнење.

- Advertisement -

Подоцна годинава Beijing Benz Automotive ќе почне со производство на EQC во Кина за тамошниот пазар, а идните модели на Mercedes EQ ќе се произведуваат во фабриките во Раштат и Синделфинген во Германија, Хамбах во Франција и Таскалус во САД. Батериите, пак ќе се произведуваат во Германија од страна на продужницата Accumotive на Daimler.

Сподели!
- Advertisement -