Францускиот козметички гигант L’Oreal и кинескиот е-трговец Alibaba г најавија стартот на тестирањето на првата мобилна апликација во светот за акни на кожата, која има вградена вештачка интелигенција. Апликацијата која го носи името Effaclar Spotscan, а ја развија L’Oreal и Alibaba заедно, им овозможува на луѓето кои имаат акни и ограничен пристап до дерматолошки услуги да направат професионално тестирање на кожата и да добијат персонализирани и медицински решенија.
Апликацијата користи технологија за вештачка интелигенција за да генерира резултати од тест базирани на три селфи фотографии кои ќе се внесат во апликацијата. По тестирањето, апликацијата на корисниците им дава персонализирани предлози за нега на кожата во зависност од состојбата на нивната кожа.
Исто така, апликацијата препопрачува соодветни производи за нега на кожата и предлага каде да се купат онлајн. Ако апликацијата, на пример, детектира посериозни проблеми со кожата, ќе го поврзе корисникот со експерт за нега на кожа за консултација во живо.
Effaclar Spotscan е технолошка иновација за вистинска убавина која е дизајнирана да ги задоволи потребите на сите корисници. Прецизноста на тестовите на кожата не може да се постигне без стогодишната научна експертиза на L’Oreal и професионалната помош на стотици врвни дерматолози од целиот свет. Додека ја направиле апликлацијата двете компании анализирале повеќе од 6.000 фотографии на корисници од различни раси, со различни проблеми на кожата и од различен пол, за да имаат доволна основа за прецизни тестови.
Технологијата за вештачка интелигенција на Alibaba, пак, врз основа на фотографии од акни и резултати од анализи на дерматолози, со помош на длабинско учење и технологии за класификација на предмети и детекција може да направи модел на неурална мрежа за тестирање акни и да ги поврзува возуелните информации за акните со медицински состојби.
Effaclar Spotscan ќе го доживее своето деби во јуни во апликациите Tmall и Taobao, а подоцна ќе биде лансирана на различни пазари во светот.