Новиот оперативен систем на Huawei ќе биде 60% побрз од Android

- Advertisement -

Поради битката на Huawei со САД, како што пишуваат кинеските медиуми, сега овој технолошки гигант соработува со локални провајдери на изработката на нивниот нов оперативен систем. Доколку ова е вистина, Google и нивниот Android ќе бидат во навистина незгодна ситуација.

Наводно, Huawei интензивно го тестира сопственииот оперативен систем HongMeng со други интернет гиганти и со домашни продавачи на смартфони, а новиот систем треба да биде лансиран во текот на наредните неколку месеци. Меѓу компаниите со кои наводно соработува Huawei се наведуваат технолошкиот гигант Tencent и креаторите на смартфони Xiaomi, Oppo и Vivo.

- Advertisement -

Исто така, кинеските меидуми пишуваат дека најголемите кинески технолошки компании со здружени сили работат на развојот на HongMeng OS и да го возвратат ударот на САД. Од Huawei, пак, официјално изјавија дека датумот на лансирање на новиот систем уште е тајна, а други технолошки компании кои соработуваат со Huawei  не коментираат ништо.

 

Сподели!
- Advertisement -