Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ ќе гради цел град во Германија

- Advertisement -

Бизнисменот Богољуб Кариќ тргнува во нови потфати и планира во Германија да изгради цел град. Кариќ на својот профил на Facebook наведе дека после состанок во Берлин неговата компанија BK Group, која е најголема компанија во Србија, отворила значајни бизнис можности проектот Tesla city да биде реализиран во Германија, каде што бизнис партнери му се компании заинтересирани за соработка.

Изградбата на Tesla city ќе биде со примена на врвна смарт технологија, како и ниска цена на становите.

- Advertisement -

BK Group гради импресивни комплекси во 17 држави од Австрија преку земјите од бившиот Советски Сојуз со Обединетите Арапски Емирати и Кина, со посебен акцент на Minsk World, најголемиот градежен потфат во Европа.

Сподели!
- Advertisement -