- Advertisement -
Huawei потпиша повеќе од 50 договори за развој на 5G мрежи, изјавија од компанијата. Од тие 50 договори, вкупно 28 се потпишани со Европа. Претходно компанијата најави инвестиции во Италија вредни 3,1 милијарди долари. Извештајот на Huawei за потпишувањето на договорите следува откако САД одлучија да ги ублажат санкциите кон кинескиот гигант.
Меѓутоа, официјален Вашингтон останува одлучен во тоа дека ако им дозволат на Huawei да развиваат 5G мрежи во САД, ја доведуваат во опасност националната безбедност. Кинескиот технолошки гигант, пак, порача дека е подготвен да потпише договор за нешпионирање со секоја земја.
- Advertisement -