Samsung објави дека почнал со масовно производство на првата меморија во светот која е прилагодена за 5G мрежи и вештачка интелигенција. Мобилното DRAM решение 12GB LPDDR5 дополнително ќе го забрза растот на напредните сегменти од меморијата.
Како што велат од Samsung, со оглед на растечката побарувачка за подобри перформанси и поголеми капацитети на паметните телефони на пазарот, кон крајот на јули планираат да почнат и масовно производство на 12GB LPDDR5 пакети, при што секој ќе содржи осум чипови од 12GB.
Од Samsung изјавија дека се одушевени што со масовното производство на 12GB LPDDR5 чипови, кои се базираат на најновата 10-нанометарска технологија на компанијата, го поддржуваат правовременото лансирање на водечките 5G смартфони за корисниците ширум светот.
Новиот мобилен DRAM на компанијата овозможува паметните телефони од новите генерации целосно да ги искористат можностите на 5G мрежите, но и можностите на вештачката интелигенција, како што е снимањето квалитетни видеа со значително подолго траење на батериите.
Со брзина од 5.500 мегабита во секунда, 12GB LPDDR5 е 1,3 пати побрз од претходната мобилна меморија која ја има во денешните мобилни телефони. Со меморија од 12 GB, LPDDR5 за само една секунда може да пренесе 44 GB податоци или околу 12 филмови во Full HD резолуција.