Новиот телефон на Xiaomi ќе може безжично да полни други уреди

- Advertisement -

Првиот смартфон во светот со реверзибилно полнење беше Huawei Mate 20 Pro, кој на корисниците им овозможуваше со својот телефон да полнат други уреди кои поддржуваат безжично полнење. Samsung таа можност ја понуди во своите нови Galaxy S10 телефони, а сега тоа се очекува од компанијата Xiaomi.

Според информациите кои кружат по Интернет, Xiaomi планира таа можност да ја имплементира во својот нов смартфон. Реверзибилното безжично полнење, наводно, ќе биде оневозможено доколку полнењето не почне во период од 90 секунди, а слично решение имаат и ривалите за автоматски да се оневозможи реверзибилно полнење со цел заштеда на батеријата.

- Advertisement -

Смартфонот Mi Mix 4 веројатно е кандидат за реверзибилно безжично полнење затоа што Mi Mix вообичаено е главниот телефон на Xiaomi во втората половина од годината. Освен полнење други смартфони, оваа технологија овозможува полнење и на други компатибилни уреди како слушалки и паметни часовници.

Сподели!
- Advertisement -