Наскоро почнува продажбата на најочекуваниот телефон годинава – Samsung Galaxy Fold

- Advertisement -

Некои од големите мобилни компании веќе ги претставија своите најнови мобилни телефони за годинава, а некои како Apple оечкуваме да го направат тоа во текот на септември. До крајот на годинава љубителите на смартфони ги олекуваат и новите Google Pixel телефони. Сите тие имаат едно нешто заедничко – не носат никаква револуција на пазарот за мобилни телефони, туку подобар хардвер и некои подобрени перформанси.
Првите навестувања за мобилна револуција годинава ги видовме кога Samsung, Huawei и непознатата компанија Royole ги претставија своите еластични телефони. Иако тогаш беше најавена продажбата на Galaxy Fold и Mate X, револуцијата беше одложена. Сепак, неодамна од јужнокорејската компанија објавија дека проблемите со нивниот еластичен телефон се решени и дека продажбата на Galaxy Fold може да почне во септември.
Не треба да потсетуваме дека Fold за многумина е најочекуваниот телефон годинава, кој има потенцијал целосно да го смени начинот на кој ги користиме паметните телефони. Секако, прво во пракса треба да видиме дали се решени сите проблеми со екранот, а за најголем дел од луѓето ќе биде проблем неговата цена од 2.000 долари.
Повеќе за официјалниот старт на продажбата ќе знаеме идната недела, затоа што според некои гласини, Samsung ќе го објави стартот на продажбата на Galaxy Fold на саемот за електроника IFA во Берлин, кој почнува на 6 септември

Сподели!
- Advertisement -