Кина во се е чекор напред од сите – плаќањето со мобилен телефон е застарено, сега се плаќа со поглед

- Advertisement -

Се повеќе корисници во светот полека ги заменуваат паричниците со мобилните телефони. Факт е дека денес се помалку луѓе носат кеш во себе, но се помалку носат и паричници затоа што многу од услугите може да се платат со мобилен телефон. Во текот на наредните години, а особено по воведувањето на директивата PSD2, се очекува уште поголем пораст на мобилното плаќање и нови апликации и услуги кои ќе го олеснат управувањето со парите, плаќањето, испраќањето пари и слично.
Но, додека во Европа, САд и во другите земји се зборува за мобилно плаќање, Кинезите веќе некое време се чекор напред и за плаќање таму повеќе не им се потребни ни кеш, ни картички, па ни мобилен телефон. За да платат одредени сметки се што треба да направат е да погледнат во посебен екран опремен со 3Д камери во кој е вградена технологија за препознавање лице. Системот ќе ги препознае корисниците, ќе ја знае нивната сметка во банка и од неа ќе го земе потребниот износ.
Плаќањето со лице, односно со поглед треба дополнително да го забрза и плаќањето на каса, особено на тие брзи каси каде што нема касиери. Ако се прашувате дали постои опасност за приватноста на корисниците и дали оваа технологија може да се злоупотреби, одговорот е да. Секако дека постои страв, но факт е дека Кинезите веќе се навикнати на технологијата за препознавање лице. Државата масовно користи таква технологија за следење на жителите, компаниите ги следат своите вработени, полицијата користи такви камери по улиците. Затоа, нешто што во други земји е незамисливо, барем во обемот кој се користи во Кина, во најнаселената земја во светот не е никаков проблем.
Иако се свесни за потенцијалните проблеми со приватноста и безбедноста, истражувањата покажале дека во продавниците каде што има опција за плаќање со поглед луѓето ја користат таа технологија. Носители на оваа технологија во Кина се двата технолошки гиганти – Ant Financial, кој е дел од Alibabам со својот сервис за мобилно плаќање Alipay и Tencent со решението WeChat Pay. Станува збор за компании кои држат најголем дел од пазарот за мобилно плаќање во Кина и во последно време масовно инсталираат системи за препознавање лице во многу големи, но и помали продавници во Кина.

Сподели!
- Advertisement -