18 C
Skopje
четврток, август 13, 2020

Apple доби награда од Обединетите нации за користење 100% обновлива енергија

UAKS desktop

Компанијата Apple доби една од 15-те награди во рамките на програмата Global Climate Action на Обединетите нации. Од ОН соопштија дека добитниците на наградата претставуваа некои од најдобрите решенија во борбата против климатските промени водени од заедници, влади, бизниси и организации.
„Apple има мисија да прави свои производи без да ги зема од Земјата. Компанијата работи на намалување на емисијата на гласови и вложува многу труд а исто така презема одговорност за својот карбонски отпечаток. Apple го пресметува тој отпечаток на пет полиња, а тоа се: корпоративни објекти, производство на производи, употреба на производи, транспорт и обработка на производи на крајот од нивниот животен век. Apple направи целосна транзиција кон обновлива енергија за електрична енергија која ја користи во своите канцеларии, во продавниците и во податочните центри во 43 земји ширум светот, а со тоа емисијата на гасови се намали на само 2%. Apple се труди да ја намали емисијата преку својата програма Supplier Clean Energy за целиот синџир на набавка да направи транзиција кон целосно обновлива енергија“ се вели во соопштението.
Фондот China Clean Energy Fund на Apple инвестираше во три фарми на ветар и достигна 10% од својата цел да создава доволно енергија за снабдување со електрична енергија на речиси еден милион домаќинства.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •