Instagram воведе ознаки за лажните информации за да се спречи нивното ширење. Ознаката „false information” (лажни информации) ќе се користи за објавите кои се разоткриени и означени како лажни, а за тој процес ќе бидат задолжени проверувачите на факти на Facebook.
Новата ознака ќе се шири на социјалната мрежа наредниот месец, а ќе се ппјавува на Stories (Instagram „приказните“), како и на објавите кои се прикажуваат на почетната страница на вашиот профил на Instagram. Корисниците на оваа социјална мрежа ќе можат и понатаму да ја видат оригиналната објава, но ќе мора да ја изберат опцијата „See Post” (види објава).
Instagram ќе ги предупредува кориснците кои се обидуваат да споделат објава која претходно била означена како лажна. Пред да ја споделат објавата ќе видат предупредување дека таа објава содржи лажни информации, а ќе им биде понуден и линк за повеќе информации. И покрај тоа, корисниците ќе можат да ја споделат лажната објава, но ќе биде означена како лажна.
Оваа опција досега е најагресивниот начин на борба против ширењето на вирални дезинформации, оценуваат медиумите.