И покрај разнишаната репутација и падот на продажбата поради авионските несреќи, Boing ја претставни најголемата верзија на своите патнички летала во контроверзната линија 737 Max. Премиерата на авионот беше организирана во американската држава Вашингтон, а се претпоставува дека првиот лет со џиновскиот авион ќе биде организиран во текот на 2020 година.
Станува збор за авионот 737 Max 10, кој може да собере од 188 до 204 патници и досега од овој модел се нарачани 550 авиони. Колку за споредба, Max 8 може да собере од 162 до 178 патници.
Овој новитет доаѓа во најлошиот можен период во 100-годишната историја на моќната компанија. Имено, светските регулатори го забранија летањето на 737 Max 8 откако само во пет месеци два такви авиони паднаа во текот на летот. Компанијата после несреќите го корегираше софтверот во авионите и со тоа наводно ги отстрани проблемите кои, како што тврдат, ги предизвикале несреќите.