Honda направи концепт автомобил кој има само волан

- Advertisement -

Honda на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас на почетокот на идната година ќе претстави интересен концепт автомобил со кој сака целосно да го смени начинот на кој управуваме со возилата. Имено, се што е потребно за управување на новиот автомобил е поставено во интерактивен волан. Уште не е познато како точно ќе изгледа, но објавија фотографии и видео од самиот автомобил, како и некои информации за воланот.

Кога возачот ќе седне на предното седиште автомобилот ќе го стартува преку воланот, а преку него ќе ја контролира и брзината, односно ќе додава гас со притискање на воланот нанапред, а ќе кочи со повлекување на воланот кон себе. Таквиот начин на управување звучи интересно, иако ќе треба време додека да се навикнеме.

- Advertisement -

Преку воланот возачите едноставно ќе можат да го менуваат начинот на возење – од автономно возење во полуавтономно и нормално, рачно возење. Тоа значи дека кофа ќе посакате ќе можете да го преземете возењето во свои раце. Секако, станува збор за концепт кој не е наменет за сегашните услови по патиштата и од Hondа велат дека со Augmented Driving Concept се обиделе да го решат проблемот со транзицијата од класични возила со кои управуваат луѓето кон автономните автомобили со кои управуваат компјутери.

Сподели!
- Advertisement -