Rolls Royce го претстави најбрзиот електричен авион во светот

- Advertisement -

Rolls-Royce на аеродромот Глоучестершир го претстави својот електричен авион, кој наводно е најбрзиот во светот и постигнува брзина поголема од 480 км/ч исклучиво на погон на електрична енергија.

Авионот е дел од иницијативата ACCEL (Accelerating the Electrification of Flight” и вклучува повеќе партнери како компанијата YASA, производителот на електрични мотори и авијациски стартап Electroflight.

- Advertisement -

Половина од проектот го финансира Aerospace Technology Institute (ATI) во соработка со Министерството за бизнис, енергија и индустриска стратегија на Велика Британија.

Авионот го содржи најгустиот батериски пакет кога било сместен во едно летало, кој овозможува доволно енергија за напојување на 200 домаќинства или лет од Лондон до Париз со едно полнење, а неговите 6.000 ќелии се направени со идеја максимално да се намали тежината, а максимално да се зголеми термалната заштита. Тука е и напредниот систем за ладење кој директно ги лади ќелиите кога се максимално оптеретени.

- Advertisement -

Пропелерот го вртат три високо ефикасни мотори, чии ножеви се вртат со значително помал број вртежи во однос на конвенционалните авиони. Сите тие решенија заедно овозможуваат 500 коњски сили со 90% енергетска ефикасност. За споредба, болидите на Формула ! имаат максимална енергетска ефикасност 50%.

Rolls-Royce влезе во партнерство со Airbus на развојот на E-Fan X технологијата, која би требало да претставува нов чекор напред во развојот на хибридни комерцијални авиони.

Сподели!
- Advertisement -