Илон Маск планира да испрати уште еден автомобил во вселената – тоа ќе биде служебно возило до Марс

- Advertisement -

Кога Илон Маск го лансираше својот Tesla Roadster во вселената, имаше поделени мислења. Некои мислеа да тоа е генијално, додека други баш и не го поддржуваа. Но, ако мислевте дека тоа е единствениот автомобил кој ќе го испрати Маск во вселената, не сте во право.

Ако можеме да веруваме на неговите објави на Twitter, кога SpaceX ќе го испрати својот вселенски брод до Марс во 2022 година, во товарниот дел ќе се наоѓа и еден Cybertruck. Имено, Маск го нарече неговиот најнов автомобил службено возило до Марс.

- Advertisement -

Иако на самото претставување на автомобилот не беа откриени премногу детали, а и Маск самиот покажа дека возилото не е наједноставно за возење, сепак иам повеќе од 200.000 нарачки од целиот свет.

Со оглед на тоа дека Cybertruck уште не се продава и дека првите купувачи ќе можат да го возат дури идната година, оправдан е скептицизмот во врска со најавата на Маск. Но, којзнае. Маск и досега знаеше да изненади со реализацијата на своите налудничави идеи, па можеби и ќе го провози Cybertruck по Марс.

Сподели!
- Advertisement -