Samsung претстави нов 4K телевизор наречен Sero, кој може да се ротира хоризонтални и вертикално за да го симулира искуството на користење паметен телефон. Јужнокорејскиот технолошки гигант го најави уредот во пресрет на годинашниот саем за потрошувачка електроника CES 2020, на технолошка конференција во Лас Вегас која е позната по ланирањето паметни уреди.
Sero TV автоматски ќе се ротира кога корисникот ќе го усклади со паметен телефон, односно кога ќе биде синхронизиран со Samsung Galaxy уред. Телевизорот засега го има во големина од само 43 инчи.
Корисниците кои на телевизор гледаат пренос од мобилен телефон знаат колку подобро искуство ќе им овозможи поголемиот екран. Покрај тоа, многу видеа на YouTubе и други услуги денес се снимаат на паметен телефон во портрет режим.
Samsung не соопшти кога ќе биде достапен Sero TV за продажба, ниту колку ќе чини. Телевизорот ќе биде подетално претставен во текот на CES заедно со новиот 8K телевизор без рамка.