Xiaomi го подготвува првиот телефон во светот со 16 GB меморија

- Advertisement -

Кинеските телефони со години се познати по одличниот сооднос на цената и квалитетот, а еден од уредите кој е доказ за тоа беше Pocophone F1. Телефонот беше претставен во 2018 година и за многу корисници тоа беше best buy уред, а наскоро ќе го видиме и неговиот наследник.

Xiaomi неодамна поднесе барање за заштита на името POCO F2, така што можеме да очекуваме дека новиот телефон набрзо ќе стане достапен. Но, тоа не е единствениот смартфон на кој работи кинеската компанија. По интернет кружат гласини дека можеме да ја очекуваме третата генерација на Black Shark со поддршка за 5G, а од конкуренцијата ќе се издвојува по меморијата од дури 16 GB. Во случај никој да не го престигне Xiaomi во меѓувреме, Black Shark 3 5G ќе биде првиот телефон во светот со 16 GB меморија.

- Advertisement -

Освен информациите како големината на екранот и камерите, моментално не е познато ни кога Xiaomi ќе го претстави новиот уред. Кон крајот на февруари во Барселона ќе се одржи Светскиот мобилен конгрес, на кој многу компании ќе претстават нови телефони, таблети и часовници, па можеби тогаш ќе ги видиме и новите уреди на Xiaomi.

Сподели!
- Advertisement -