На огласот на јапонскиот милијардер за сопатничка во Вселената, се пријавија 20.000 жени!

- Advertisement -

Откако јапонскиот милијардер Јусаку Маецава објави оглас дека бара сопатничка која со него ќе патува до Месечината, му пристигнаа повеќе од 20.000 пријави. Имено, Маецава ќе биде првиот приватен патник со вселенскиот брод Starship на SpaceX и ќе патува до Месечината. Тој сега бара партнерка која ќе му прави друштво, а досега се пријавија над 20.000 жени.

Јапонецот е основач на интернет страницата Zozotown посветена на облека, а партнерството со директорот на компанијата SpaceX, Илон Маск, го најави уште во 2018 година. Станува збор за мисија за патување до Месечината, а Маецава купи 6-8 седишта во Starship за со себе да поведе избрани уметници.

- Advertisement -

Лансирањето е планирано за 2023 година, а како што се чини, едно место ќе и припадне на сопатничката на Маецава. НАСА исто така планира мисија до Месечината наречена Artemis, со која во 2024 година жена ќе зачекори полунарната површина.

Сподели!
- Advertisement -