Јапонија можеби заостанува зад САД и Кореја во развојот и експанзијата на 5G, но тоа не и попречува на плановите за во иднина. Откако минатата година алоцираше фонд оф 2 милијарди долари во истражување и развојна 6G, јапонската влада сега изјави дека работат на детален план за развој на 6G безжична телекомуникациска мрежа. Јапонија очекува дека ќе имаат функционален 6G до 2030 година.
Земјата на изгрејсонцето организираше посебен панел посветен на дискусии за технолошкиот развој, потенцијалните методи за примена и политиките за користење на 6G. Иако не се познати учесниците на панелот, групата ќе се состои од претставници од приватниот сектор, од универзитети и од различни индустриски гранки.
Јапонија не е првата земја која почна да ја истражува 6G технологијата. Во ноември минатата година и Кина најави нешто слично, дoдека кинескиот технолошки гигант Huawei уште од август минатата година се фали дека развива 6G. Јужнокорејски Samsung, пак, кој е главниот виновник што денес Јужна Кореја е 5G светска сила, продолжува да ја подобрува својата технолошка експертиза со лансирањето истражувачки центар кој, меѓу другото, ќе се фокусира на развој на 6G.