Boeing планира да го реализира првиот пробен лет со авионот 777X неделава. Пробниот лет бил планиран за вчера или денес во комерцијалната база на Boeing во близина на Сиетл, во зависност од временските услови. Меѓутоа летот не можел да се реализира поради лошите временски услови.
„Го одложуваме летот со авионот 777X, кој беше предвиден за 23 јануари, поради временските услови. Тимот моментално ја проценува можност летот да се реализира денес“ соопштија од Boeing.
Boeing претходно објави дека неговиот досега најголем авион со два мотори, дизајниран за просечно 406 луѓе, прв пат полета на почетокотна 2020 година, а првата испорака се очекува во 2021 година.
Овој авион долг 77 метри е значително подолг од претходниците 777-300ER и A340-600. Дури е и малку подолг од досегашниот рекордер 747-8, последната верзија на авионот Queen of the Skies. Благодарение на својата должина, авионот е дизајниран во него да се сместат од 400 до 425 патници во две класи. Бројот на седишта ќе варира зависно од барањата на авиокомпаниите.
Најдолгиот патнички авион во светот, Boeing 777X, официјално беше претставен во Вашингтон во март минатата година.